-->
-->
Челзи под истрага на УЕФА
-->
Актуелниот шампион на Англија, Челси, трет пат во последните осум години ќе се најде под истрага на ФИФА поради наводни неправилности во трансферите на малолетни фудбалери.
Челси под истрага беше во 2007 година поради трансферот на Гаел Какута од Ленс. Клубот за овој случај доби суспензија во 2009 година. ФИФА втората истрага против Челси ја спроведе минатата година поради трансферот на Бертранд Траоре, кој наводно играл за клубот, без претходно да биде комплетирана целата документација.
Додека трае истрагата, ФИФА нема да го коментира случајот, а од Челси излегоа со став дека клубот работел според прописите.
Дека ФИФА сериозно се занимава со оваа проблематика, најдобро покажуваат случаите со Барселона, Реал и Атлетико. Барселона и Атлетико имаа забрани за купување играчи во два трансфер-периода, а Реал не можеше да пазари во еден преоден рок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција