Балкан
1. јуни 2016 - 16:54

Челик: Турција и ЕУ ќе почнат технички разговори за визната либерализација

Технички екипи од Турција и ЕУ во четврток ќе почнат преговори за прашањето за укинување на визите на турските државјани, изјави денеска новиот турски министер за ЕУ, Јомер Челик, јави БТА. 

Челик го опиша ова прашање како составен дел од поширока спогодба за одвраќање на нелегалната миграција.

На прес-конференција во Брисел, турскиот министер за ЕУ истакна дека, реадмисијата и преселувањето на мигрантите и визната либерализација за турските дравјани се дел од пакетот и не можат да се разгледуваат одделно.