Живот
12. August 2016 - 19:16

„Чекам дете од својата родена сестра“: Сите мислеа дека се ненормални, а сега ги поддржуваат

Семујел Лејтон Дор (25) отворено зборува за својата одлука за добивање дете со својата сестра.

Семујел Лејтон Дор од Сиднеј е во врска со фотографот и дизајнерот Бредли Тенант. Кога тие двајца одлучиле да имаат дете, Семујел сакал тоа дете да ги носи и нивните гени, па ја замолил неговата сестра Бронте да ги донира своите јајце клетки.

-Не е толку чудно кога ќе ја слушнете приказната. Ќе користиме вештачко оплодување. Имаме јајце клетки од мојата сестра, сперма од мојот партнер, како и сурогат мајка која ќе ја изнесе бременоста. Тоа е единствен начин јас и мојот партнер да имаме биолошка врска со детето, објасни Семујел.

Одлуката не ја донеле така лесно. До моментот кога бебето ќе дојде на свет имаат уште неколку години бидејќи процесот е многу скап, но тоа е дефинитивно нешто што ќе се случи во нашата иднина.