Балкан
11. August 2017 - 19:41

Чавушоглу: Турција е против санкции кон Русија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара и натаму е против санкции кон Русија, бидејќи тие можат негативно да влијаат врз турската економија.

- Турција во минатото претрпе штета од овие санкции. Санкциите против земји со кои се граничиме и наши партнери и нанесуваат штета на нашата економија. Тоа е причината поради која не им се приклучивме на санкциите против Русија, рече Чавушоглу, а пренесе ТАСС, повикувајќи се на турскиот весник „Хуриет дејли њус“.

Според шефот на турската дипломатија, неговата земја бара решение како овој проблем да се надмине преку дијалог, а економијата да не биде погодена.