Балкан
11. March 2017 - 12:23

Чавушоглу најави учество на митинг во Ротердам и покрај забраната од локалните власти

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска најави дека ќе отпатува во холандскиот град Ротердам за да учествува на митинг на припадниците на тамошната турска заедница во пресрет на уставниот референдум во Турција, иако ротердамскиот градоначалник Ахмед Абуталеб ја забрани неговата посета.

Чавушоглу при тоа се закани дека холандските власти ќе се соочат со „строги санкции“, доколку се обидат да ја спречат неговата посета.

- Денеска одам за Ротердам. Ќе и воведеме строги санкции на Холандија, ако ја спречи посетата, изјави Чавушоглу за телевизијата Си-Ен-Ен.  

Тој нагласи дека планира да се обрати на митингот на припадниците на турската заедница во Ротердам, кој го организраат властите во Анкара за да ги поттикнат Турците во Холандија да гласаат на референдумот за промена на Уставот на Турција, со кои се зголемуваат надлежностите на шефот на државата.

Чавушоглу се закани и дека Турција ќе се повлече од договорот со ЕУ со кој беше запрен мигратскиот прилив кон Европа, доколку Унијата не го укине визниот режим за турските државјани.

Забраната на Берлин за учество на двајца турски министри на минитинзи за поддршка на уставните измени во Германија, доведе до сериозно влошување германско-турските односи.