Чавушоглу: Кризата со Катар да се реши на маса, не со блокади
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција не држи страна во однос на кризата со Катар и дека прашањето треба да се реши низ преговори, а не со блокади.
- Жалиме за развојот на настаните околу Катарската криза. За целиот регион и пошироко од животно значење е стабилноста и безбедноста на тој регион и пошироко на земјите од Заливот. Ние имаме извонредно блиски и братски односи со нив. Проблемите со кои се среќаават овие земји од регионот треба да се решвааат заедничи. Имаме различни прашања како што е борбата со тероризмот, соработката во други области како и други прашања. И ние на регионот му придаваме големо значење. Овие прашања треба да се решат и во основа тоа е многу просто, изјави Чавушоглу на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Тој посчои дека обвинувањата што се упатуваат кон Катар, Доха ги одбива во целост, а Турција, како што наведе, е против ембаргото насочено кон Катар.
- Ние не држиме никаква страна, меѓутоа искрено треба да се кажат некои работи. Од друга страна, некои обвинувања како соработка или поддршка на тероризмот, отворено кажавме дека не ги споделуваме. Во основа има едно обвинување. Треба да се видат деталите, документите, а потоа да се седне да се разговара. Сите заедно да разговараме и сите чекори да се направт во мир и слога со обострано разбирање. Со забрани и воведување ембарга проблемите не се решаваат. Сметам дека во тој смисол треба да се седне и да се разговара за да се решат прашањата . Мерките кои се насочени против населнието на Катар не се правилни и ние не ги прифаќаме. Треба да се направат обострани мерки за доверба. Посетите што ги направивме беа многу корисни и имавме прилика да слушнеме што мислат, Кувајт како посредник. Катар и Саудиска Арабија. Ги пренесовме нашите позиции. Претседателот Ердоган ги пренесе пораките од турскиот народ. Нашите напори на меѓународен план ние ќе ги продолжиме на искрен начин да се реши кризата која не ја очекувавме, рече Чавушоглу.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка