Македонија
25. November 2015 - 16:10

Чавков: Со оградување на границата, таа нема херметички да се затвори

Трендот на намалување на протокот на мигранти кон свер и притисокот на зголемување на бројот на мигранти од југ во најскоро време ќе резултира со поставување на физичката ограда на македонско-грчката граница.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Чавков, за Радио Слободна Македонија вели дека безбедносните служби во Македонија ги имаат завршено сите анализи и подготовки на теренот за поставување на оградата и одлуката за изградба ќе зависи од состојбата на теренот.

Чавков не открива во кој обем и која должина би била таквата техничка ограда, но потенцира дека Македонија е подготвена соодветно да ги контролира сите гранични коти каде може да се појават илегални премени.

Со оглед на препораките и координациите со Европската Унија, во моментов и во иднина ќе се пропуштата само бегалци од кризните региони, а не и економски мигранти, во анализите на безбедносните структури е опфатена и веројатноста од повторно активирање на криминални групи кои би вршеле илеганел транзит. Чавков вели дека и за вакви сценарија има подготвено стратегија.