Македонија
11. July 2015 - 17:32

Чавков: Безбедносната состојба постојано се следи - Се преземаат мерки за елиминација на ризиците

МВР внимателно ги следи состојбите во државата, се читаат сите извештаи  и се преземаат максимални оперативни мерки за навремено да се утврдат заканите и ризиците, тврди министерот за внатрешни работи Митко Чавков, како одговор на пишувањата дека состојбата во Македонија може да ескалира и да се загрози безбедноста.

- Ризици и индикатори за загрозување на безбедносната состојба, има не само во Македонија туку и во останатите делови од ЕУ и пошироко. Според него, се преземаат максимални оперативни мерки за навремено да се утврдат заканите и ризиците.  Оперативното ниво останува подигнато со оглед на тоа што е и туристичка сезона. Мислам дека успеавме да ја одржуваме јавната безбедност на соодветно ниво, изјави Митко Чавков, министер за внатрешни работи.

Во врска со полициската акција против терористичката група на почетокот на мај во Куманово,  министерот Чавков истакна дека јавноста е во тек со сите случувања и не сака да навлегува во никакви полемики со ниту една политичка партија.

-Има значителен број злонамерени шпекулации со кои се сака да се девалвираат капацитетите на МВР и не само на МВР туку и на останатите институции. Веќе се спроведува истрага, се спроведува обвинително-судска постапка, има интензивна комуникација на меѓународно ниво за размена на докази. Така што не гледам никаков аргумент за тие тези, рече министерот Чавков.

Информациите пласирани од опозицијата дека разрешувањето на случајот “Диво Насеље” тапка во место Чавков ги смета за конструкции.