Балкан
26. July 2017 - 11:11

Частам, се врати маж ми! - вака Снежана им ги затна устите на соседите откако мажот и побегна со парите од кредитот

Миљан Д. од Прекадин кај Прокупљњ зел од сопругата Снежана Д. 500.000 динари, кои таа ги зела како кредит за реновирање на куќата, и побегнал со возилото, оставајќи ја на сред пат. Иако по пријавата на сопругата, полицијата трагала по него, Милјан по 10 дена бегство, и се вратил на жената, но останува непознато што се случило со парите.

Несекојдневниот настан се случил на 15 јули, кога сопружниците влегле во автомобилот за Прокупље. Како што Снежана им изјавила на инспеторите, во колата биле тие двајца и нивното двегодишно дете. Парите од кредитот ги зеле ден порано.

-Во еден момент сопругот застана на пат зошто со колата нешто не беше како што треба. Ми рече да излезам и да потурнал. Кога излегов, тој го запали автомобилот и ме остави. Во колата беше нашето дете...Не знаев што ме снашло, изјави шокирана Снежана.

Се утврдило дека Милјан продолжил за Прокупљњ и детето го оставил кај роднини, по што му се губи секаква трага. Веднаш го исклучил и мобилниот. Збунетата Снежана се вратила дома и случајот го пријавила во полиција.

Полицијата организирала потрага, но Милјан ги изненанди кога вчера се вратил дома. По 10 дена. Каде бил и што правил, никој не знае. Неговата жена вели дека ги вратил сите пари, но во тоа никој од селото не верува. 

Снежана пак на новинарите им рече дека тоа била нивна природна работа.

Еден сосед вели дека Снежана била среќна што и се вратил мажот.

-Ме викна да ми се пофали дека треба да части, зошто и се вратил мажот. Само рече дека биле до град и дека сега се дома. Ете, се добро се заврши на крајот, рече соседот.

Ако Снежана ја повлече пријавата против сопругот, против Милјан нема да се води никаква истрага.