Македонија
22. February 2017 - 20:13

Централното раководство на ДУИ ја разгледува документацијата на работните групи

Централното раководство на ДУИ вечерва во Мала Речица ја разгледува документацијата која изминатиот период беше координирана меѓу работните групи на СДСМ и ДУИ.

- На средбата на претседателството на ДУИ ќе се разгледува документацијата која е продукт од работата на работните групи на ДУИ и СДСМ. Двете партии работеа интензивно во изминатиот период и доближија значителен број на ставови, изјави портпарот на ДУИ, Бујар Османи.

Доколку претседателството на ДУИ, како што рече, смета дека  овој материјал е недоволен за донесување на одлука има право да ја врати документацијата на доработка.  - Тоа што работните групи сметале дека има доволен материјал ќе треба да го потврди и претседателството на ДУИ, додаде Османи.

Тој посочи дека не може да се симплифицира процесот на давање потписи. - Поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии. Така да вооопшто не би ја извртел тезата на начин давање поддршка, па потоа разговори. Ние досега разговаравме, разговаравме и сега на ниво на претседателството. Доколку  сметаме дека тоа што е разговарано помеѓу групите е доволно тогаш се разбира ќе дадеме поддршка, меѓутоа нема да го симплифицираме на ниво дали даваме потписи, туку дали даваме поддршка на една заедничка платформа или не, рече Османи.