Централна Америка: Дваесетмина загинати во налет на тропската бура „Нејт“
Во налетот на тропската бура „Нејт“ на Централна Америка, загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои 11 во Никарагва, шестмина во Костарика и три лица во Хондурас.
Костарика прогласи вонредна состојба, а училиштата и градинките се затворени. Во соседна Никарагва забележани се одрони на земјиштето, поплави и прекин на снабдувањето со електрична енергија.
Се очекува дека смртниот биланс ќе се зголеми, со оглед на тоа дека во Никарагва седум лица се сметаат за исчезнати, а во Костарика 15. Повеќе од 5.000 лица во Костарика беа принудени да ги напуштат своите домови, поради заканата од лизгање на земјиштето и можноста да бидат поплавени со кал.
Американскиот центар за урагани прогнозира дека бурата ќе биде со јачина близу онаа на ураганите во моментот кога ќе стаса на полуостровот Јуката, на југот на Мексико. Потоа ќе зајакне и за време на викендов бурата ќе прерасне во ураган во периодот кога ќе го погоди Мексиканскиот Залив, а потоа ќе се упати кон јужниот дел на САД, во сојузните држави Луизијана и Флорида.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност