Бизнис
9. October 2016 - 17:00

Целосно се усогласени политиките ва владата и на ММФ

Економските и финансиските приоритети на Владата се целопсно усогласени со приоритетите на Светската Банка. Ова е резултатот од посетата на министерот за финасии Кирил Миновски на Вашингтон, каде учествуваше на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

- Најголем дел од приоритетите што ги има Владата на Република Македонија во економијата се целосно усогласени со приоритетите на Светската банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните компании со компаниите во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнењето на енергетската ефикасност, како и за проекти со кои ќе се придонесе на дигитализацијата на проектите што го нуди Владата на Република Македонија, изјави министерот Миновски

Меѓународниот монетарен фонд нема да се приклучи кон грчката спасувачка програма, но веројатно ќе прифати статус на советник со ограничени овластувања, кои ќе го задржат на преговарачката маса. Повеќе од една година ММФ се уште не ги утврдил условите, под кои би се приклучил во каква и да е нова програма за спас на грчката економија. Фондот веќе напомена дека финансиските цели, утврдени и во европскиот спасувачки план за Грција се нереални, доколку нема значително олеснување на грчкиот долг. Преговорите меѓу Грција и нејзините европските кредитори и ММФ се во ќор сокак откако германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле настојуваше ММФ да учествува во спасувачкиот план, но ги отфрли повиците на директорката на Фондот Кристин Лагард за големо должничко преструктуирање. Според друг извор ММФ нема да вложи повеќе пари во спасувачката програма за Грција, но нема да биде ниту само технички советник