Македонија
19. July 2015 - 17:36

Целосно демолирана урбаната опрема во Велес

Целосно е демолирана урбаната опрема во Велес. Се кршат клупи, корпи за отпадоци, летниковци. Според велешани, виновници за ваквата состојба се младите.
 
Од локалната самоуправа велат дека постојано се поправа уништената урбана опрема. За ова се трошат илјадници евра.
 
Освен урбаната опрема се уништува и градското зеленило. За помалку од еден месец беа запалени три палми. Во првиот случај, потпалувач беше 15 годишно момче.