Балкан
16. April 2017 - 13:23

Цело село плаче за малиот Младен: Страшни детали за смртта на детето

Голема трагедија го потресе Ваљево кога почина десетгодишно детенце во страшна несреќа. Се работи за Младен Г. кој се преврте со трактор на кој бил со дедото и таткото.

Тракторот изгубил контрола и се превртел, а несреќното детенце пропаднало низ жива ограда и излетало на патот. За жал, на лице место било мртво, додека едото и таткото поминале со потешки повреди.

Дедото се обидел да му помогне на внучето, но му немало спас.

- Не можеме да дојдеме на себе, цело село плаче и тагува за малиот Младен. Не може да се опише какво ете беше тоа. Беше најдобар фудбалер, насмеан, воспитан...првак во школо. Кутрите родители останаа во црно, велат соседите низ солзи.

Трагедијата се случи пред два дена.