Џет-Сет
17. јуни 2017 - 21:10

Цела е со модринки: Болен период за Сека, призна низ што поминува во моментов

Фолк пејачката Сека Алексиќ со своите фотографии на Инстаграм најчесто ги воодушевува фановите, а сега во нејзината вертуелна галерија се најде и една која ги загрижи сите.

Имено, пејачката се фотографираше во кревет и ги покажа огромните модрици на рацете што ги шокираше сите оние кои ја следат на социјалните мрежи, а по лавината коментари кои следеа, Сека се одлучи да ја открие вистината.

-За сите оние што се грижат, а немаат поим, не се модрици, туку отстранувам тетоважа и постапката е во тек! Поздрав и немојте премногу да се грижите, ви влијае на „убавината“ - напиша пејачката и разјасни што се случило.