Живот
12. February 2017 - 19:54

Цел свет им се смее на овие новинари, еве што објавија

Домениканскиот весник „Ел национал“ објавувајќи текст за израелските населби, објави фотографија од холивудскиот актер Алек Болдвин, потпишувајќи ја: Доналд Трамп, претседател на САД.

Фотографијата, за која подоцна весникот се извини, е од сатиричното имитирање на Трамп, кое Болдвин го изведува во емисијата Во сабота навечер во живо.

Во објавениот текст со наслов „Трамп вели дека населбите во Израел не придонесуваат за мир“, покрај фотографијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е ставена и сликата на лутиот Болдвин со перика на глава.