-->
-->
Цедевита поведе со 1-0 против Партизан во полуфиналето на АБА лигата
-->
Кошаркарите на Цедевита го добија првиот полуфинален натпревра против Партизан во разигрувањето за титулата во регионалната АБА лига.
На натпревраот одигран синоќа во Загреб хрватскиот првак Цедевита го совлада белградски Партизан со 83:76 по четвртини 25:17, 29:18, 16:24 и 13:17.
Најефикасни во победничкиот табор беа Американецот, Џон Шурна со 15 и Миро Билан со 13 поени, додека кај гостите се истакнаа Вилијам Хачер со 18 и Новица Величковиќ со 14 поени.
Вечерва во Белград од од 19 часот својот прв полуфинален меч ќе го играат бранителот на шампионскиот трофеј Црвена Ѕвезда и црногорскиот првак Будуќност.
Полуфиналната серија во АБА лигата се игра во два добиени натпревари. Реванш натпреварите на програмата се на 25 и 28 март, додека евентуалните решавачки натпревари, мајсторките би се играле на 1 и 4 април
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори