Кошарка
24. September 2017 - 10:29

Цедевита победник на АБА Супер куп

 Екипите на Цедевита е освојувач на трофејот во кошаркарски АБА Супер куп. 
 
Загрепскиот тим во финалето на првиот АБА Супер куп што се одржуваше во Бар, го совлада црногорскиот тим Будуќност со 78:69. 
 
Иако Будуќност во првиот период постигна само 2 поени, а цетвртината ја загуби со 21:2, сепак во втората тимот од Подгорица се врати во игра откако периодот го доби со 18 поени разлика 13:33. Во второто полувреме, Цедевита предводена од Андрија Стипановиќ кој средбата ја заврши со 22 поени, а беше прогласен и за МВП, ги доби третата и последната четвртина со 22:16 и 22:18 и на крајот заслужено се радуваше на првиот трофеј сезонава. 
 
Супер купот е увертира во новата сезона во регионалната АБА лига која ќе започне во петок (29 септември) со дуелите МЗТ Скопје Аеродром – Партизан и Цедевита – ФМП.