Кошарка
29. May 2017 - 11:02

Цедевита и Цибона ќе играат мајсторка за титулата во Хрватска

 
Шампионот во кошарка во Хрватска ќе биде промовиран по одигрувањето на петтиот решавачки дуел во финалната серија од плеј-офот.
 
Како и во македонската кошарка, АБА лигашите од Хрватска, Цедевита и Цибона, по четири дуели имаат по две добиени средби па в четврток ќе биде одлучен победникот.
 
Синоќа во Загреб улогата на домаќин ја имаше Цедевита која победи со убедливи 79:54. Вториот и последниот период Цедевита ги доби со по 13 разлика (23:10 и 27:14) што се покажа како клучно за победата.
 
Цедевита е бранител на трофејот, а Цибона последен пат беше шампион пред четири сезони.