Кошарка
23. September 2017 - 14:36

Цедевита и Будуќност во финалето на АБА Супер купот

 
 
 Екипите на Цедевита и Будуќност ќе себорат за трофејот во кошаркарски АБА Супер куп. 
 
Ова е исходот по одиграните полуфинални натпревари на турнирот што се одржува во Бар, Црна Гора.
 
Загрепска Цедевита во неизвесен меч беше подобра од Мега со 99-96 по четвртини (25:25, 34:20, 24:22, 16:29, во првата полуфинална пресметкам, додека во црногосткото полуфинале Будуќност го совлада Морнар со 82-65 (27:10, 19:16, 17:21, 19:18).
 
Финалето на првиот АБА Супер куп ќе се игра утре (сабота) од 21 часот. 
 
Новата сезона во регионалната лига ќе започне петок (29 септември) со дуелите МЗТ Скопје Аеродром – Партизан и Цедевита – ФМП.