Џет-Сет
24. May 2016 - 13:04

Цеца со шокантен предлог: „И јас ќе се приклучам на групата за Анастасија, но..."

Цеца Ражнатовиќ конечно се огласи за сите шеги на сметка на нејзината ќерка Анастасија која утре полни 18 години. За својата ќерка вели дека воопшто не побарала ништо од неа, дека е многу скромна девојка. Цеца за Групата "Да купиме поклон за полнолетството на Анастасија" каде има повеќе од 185.000 следбеници, се огласи и го кажа следново:

- Па, јас не се занимавам со луѓе што немаат што да прават па си куцкаат на лап-топ. Ако гледаме така на работите Новак никогаш не би требало да излезе пред публика или јас не би требало да закажам ниеден концерт. Многу деца слават родендени и тоа полуксузно, па никому ништо, вели Цеца.

Цеца додава и дека интересно им е на сите да пишуваат за ќерка и и роденденот и да прават шеги на нивна сметка, а додека се собираат хуманитарни прилози и има апел за помош, тогаш никој не ги споделува тие постови.

- Еве имам предлог, сите 185.000 кои се заинтересирани да и купат подарок на Анастасија, да дадат по едно евро и да се донираат парите за болно дете. И јас ќе се придружам па ќе собереме повеќе, вели Цеца.