Џет-Сет
18. August 2016 - 21:04

Цеца руши рекорди на социјалните мрежи

Цеца уште еднаш потврди дека е една од најпопуларните балкански ѕвезди.

Фолк дивата го надмина бројот од преку 300.000 следбеници, со што ја потврди својата позиција на најследена пејачка од овие простори на социјалните мрежи.tviter

Меѓу пејачите од овие простори, повеќе следбеници има само Владо Георгиев, кој на Твитер го следат скоро 450.000 луѓе.

 

Инаку Цеца е најпопуларна пејачка и на Фејсбук, каде нејзината страница ја имаат лајкувано преку милион луѓе.