Џет-Сет
5. July 2016 - 12:51

Цеца раскажа за својот сексуален живот - „Не сум живеела со никој, но тоа не значи дека...“

Прочитајте што Светлана Ражнатовиќ Цеца има да каже за својот љубовен живот, семејството и што посакува од еден маж.
 
Гостувајќи во емисијата на Пинк телевизија „Ами Џ“ шоу кај воителот Огнен Амижиќ, Светлана Ражнатовиќ отворено проговори за многу лични работи.
 
 На почетокот истакна дека повеќе не е желна за излегување и средување како кога била млада, кога идела само во штикли.
 
Јас по дома одев во 20ка штикли, а сега одам со балетанки, призна Цеца.
 
Тоа што највеќе ја изнервирало е врската која се протекнува низ изминативе месеци од нејзиниот живот.
 
И нашиот живот, живот на познати личности, има вредност, и нашите деца се како останатите луѓе, но нашите семејства не се третираат така, нашите солзи немаат вредност. Сите ние патиме кога ќе прочитаме лоши работи за себе, а јас и моите деца и те како сме прочитале се и сешто. Моите деца плаќаат цена поради мојата професија. Тоа што никогаш не го доживуваме е нашата вистина да ја кажеме јавно.
 
Јас не сум некој кој сака да го експонира својот живот. Јас живеам за своите концерти и песни. Со Александар сме пријатели и ден денес се гледме. Проблем е кога медиумите на моите блиски луѓе им прават поголем скандал. На Александар му тропале у 7 часот наутро на врата, а јас не можев да го заштитам, истакна фолкерката.
 
Јас сум вдовица 17 години, никогаш не сум започнала заеднички живот со никој, а тоа не значи дека јас не сум имала врски. За Александар немаше ни еден доказ. Јас сум слободна жена и можам а правам што и да посакам.
 
А на прашањето како е во љубовта, таа изјави:
 
Секс, дрога, рокенрол. Сакам рокенрол, сексот ме заобиколува, а и не се дрогирам.