Џет-Сет
6. February 2017 - 23:31

Цеца позираше во бањарка и направи хаос на интернет

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ ги поздрави фановите на Инстаграм во невообичаено провокативно издание, со што целосно ги воодушеви.

Имено, насмеаната Цеца позираше во бел баде мантил, веројатно додека се подготвувала за денешните обврски, а обожавателите ги израдува со оваа секси фотографија.

За само 2 часа пејачката доби повеќе од 10.000 лајкови, а судејќи по коментарите, вакви фотографии од Цеца, фановите со нетрпение чекале.