Џет-Сет
24. November 2017 - 13:25

Цеца и Карлеуша конечно се соочија во судница: Груби зборови одѕвонуваа до ходникот, судијата повика обезбедување

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша со години наназад се лути противници, а денеска првпат се соочија и тоа на суд. Расправата почна во 12.10 во Првиот основен суд во Белград, кое беше обид за помирување во мирен пат, за да се избегне судење.

На рочиштето прва стигна Јелена Карлеуша. Беше одлично расположена, насмена и во придружба на својот адвокат.

Неколку минути подоцна се појави и Цеца, исто така во придружба на својот правен советник, но со многу сериозен израз на лицето.

Тие двете веднаш влегоа кај судијата, и се обидоа без присуство на адвокатите да ги закопаат воените секири.

Меѓутоа, тоа не беше успешно. Набрзо се слушаше викање и кавга. И едната и другата пејачка кренаа галама.

Се слушаа извиците: „Срам да ти е“ и „Немој само ти да ми зборуваш за чесност“...А потоа влезе внатре полицаец и ги опомена, по што двете малкус е смирија.

Во меѓувреме и судијата го извести обезбедувањето, но полицаецот рече дека нема потреба и тие да интервенираат.