Џет-Сет
5. October 2016 - 17:53

Цеца го запали Инстаграм: Објави слика од настап на свои 13 години

Светлана Цеца Ражнатовиќ е една од најголемите балкански ѕвезди, а нејзината популарност не се намалува ни по 30 години на сцена. Имено, таа својата музичка кариера ја започна како девојче.

Имено еден од првите хитови на оваа ѕвезда се „Цветак зановетак“, „Ѓачки споменари“, „Куда журиш“ и многу други, и се многу поразлични од она што сега таа го пее.

На социјалната мрежа Инстаграм, Цеца објави фотографија од пред 30 години и со овој потег ги воодушеви фановите.

-На самиот почеток ов мојата кариера, Црна гора, лето 1986 година, напиша под фотографијата од слаткото девојче.

Фотографијата наиде на позитивни реакции од фановите на социјалните мрежи кои постојано ја фалат и таа за само еден час на Инстаграм собра над 2.000 лајкови.