Царовска: Обврзани сме да им помогнеме на најпогодените од сиромаштијата
Екстремните форми на сиромаштија мора да се искоренат. Никој не смее да остане без храна, облека и покрив над глава, порачува по повод Светскиот ден на борбата против сиромаштијата министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Борбата против сиромаштијата, наведува, е наш најголем предизвик. Во Македонија, како што наведува, 21,5 проценти од населението живее во сиромаштија, а целта е на среден рок стапката на сиромаштија да се намали под 16 проценти во 2020 година.
- Македонија е со Устав дефинирана како социјална држава, но во реалноста, системот често затајува. Нашата главна обврска е да излеземе во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата. И тоа не само преку парична помош, туку и со нивно вклучување на пазарот на труд. Само така вистински се прекинува кругот на сиромаштија од генерација во генерација, истакнува Царовска.
За исполнување на целта за намалување на стапката на сиромаштијата, како што наведува, клучен е економскиот развој кој ќе значи повеќе средства и услуги за сите.
За позначајни резултати на ова поле е потребно време, но, како што наведува, кога постои политичка волја, некои работи може да се менуваат веднаш-како што е кратењето на непродуктивни и неразумни трошоци.
Според Царовска, во Македонија за жал не се сиромашни само оние кои што немаат работа, туку и голем број вработени, а токму затоа се важни мерките за зголемување на минималните приходи. За да успее борбата против сиромаштијата на младите мора да им се гарантира перспектива, можност да работат и напредуваат дома, за да запре нивното иселување, а треба многу да се работи и на подобрување на економската позиција на жените во нашето општество, како и на квалитетно и достапно образование и социјални услуги блиски до граѓаните, наведува министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по повод Светскиот ден на борбата против сиромаштијата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка