Царовска: Обврска за тестови за проверка на познавања на странски јазик
Комисијата за труд и социјална политика денеска ги разгледа и даде на натамошно читање измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, Законот за инспекција на труд, измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Законот за спречување и заштита од дискриминација, сите во прво читање.
Министерката Мила Царовска рече дека за сите закони измените се однесуваат на додавање на АРТИС, како тест за проверка на знаења од странски јазик како релевантен меѓународен сертификат, пренесе Нова Македонија.
- Се исклучува психолошкиот тест како услов за идентификувања на психолошката состојба и можноста за работа на одредено работно место, затоа што во Македонија се уште не постојат агенции, ниту стандардизирани тестови што можат за секое работно место да ја утврдат состојбата. И затоа сметаме дека треба да се исклучи - изјави Царовска.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори