Живот
27. July 2017 - 10:30

Цариниците останале зачудени: Во лименка за чипс сокрил кобра, но и уште еден заштитен вид

Американската гранична полиција запленила три кралски кобри кои го открила во лименка за чипс во Јужна Калифорнија и уапсила маж поради сомнение дека во земјата илегално увезувал змија и други рептили.

Уапсениот маж во пакет кој сакал да го испрати од САД во Хонг Конг, спакувал и 6 заштитени желки, меѓу кои биле пустински и три точкасти желки, кои се загрозен вид и не смеат да се увезуваат и извезуваат.

Мажот веднаш бил уапсен, а доколку му пресудат дека е виновен може да добие максимална казна од 20 години затвор.