Балкан
21. July 2017 - 10:55

Цанакопулос: Животот на Кос полека се враќа во нормала

Животот на Кос полека се враќа во нормала, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос за радиото на државната новинска агенција АНА-МПА.

Тој информира дека на островот веднаш заминале тројца министри, и оти напорите сега се фокусирани на приодот од море кон островот, со оглед на тоа што пристаништето е многу оштетено. На Кос се очекува да пристигнат четворица експерти и ако тие проценат дека штетата не може директно да се поправи, тогаш Владата има алтернативен план.

Грчкиот остров Кос ноќеска го погоди силен земјотрес во кој загинаа две лица, а петмина од повредените, за кои се уште не се знае точниот број, се префрлени во универзитетската клиника на Крит.