Цакалотос: Откритијата во Рајските документи се морален скандал
Откритијата во Рајските документи се морален скандал, рече грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос за време на синоќешната дебата во Парламентот за нацрт-законот за игри на среќа.
- Тоа е морален скандал за богатите да бидат изземени законски, рече тој и ги обвини претходните грчки влади дека не направиле ништо за да се справат со даночното затајување.
Цакалотос нагласи дека властите ќе мора да побараат евентуална нелегална активност, и додаде дека сепак, главниот проблем е моралниот аспект.
- За 30 или 40 години, богатите, елитата, изградија правен систем за да се ослободат од плаќање данок, рече тој.
Министерот за финансии исто така го критикуваше лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за цинизам, кога го обвини него и неговиот заменик дека „ја нападнале средната класа, но не направиле ништо за да се справат со даночните раеви“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место