Македонија
21. July 2017 - 12:53

Цацко стана нов државен функционер, ќе го советува министерот Поповски

Популарниот актер и комичар Љупчо Бубо Каров од денеска е назначен за надворешен советник на Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во Владата на Република Македонија, соопштија од Владата.

Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија, стои во соопштението.