Македонија
8. February 2016 - 17:13

Цаца Николовска: Лустрацијата беше пресметка со политичките неистомисленици

Правниот експерт Маргарита Цаца Николовска која ја претставуваше Македонија во судот во Стразбур вели дека лустрацијата во земјава била спроведена под влијание на извршната власт.

На денешната трибина организирана од Хелсиншкиот Комитет, Николовска потенцираше дека лустрацијата се изведувала за пресметка со политичките неистомисленици.