Балкан
22. March 2016 - 8:27

Бушати: Грција подготвена да го укине Законот за воена состојба со Албанија

Шефот на албнската дипломатија Дитмир Бушати за тиранската телевизија Топ-чанел изјави дека грчката страна искажала подготвеност да го формализира укинувањето на Законот за воена состојба со Албанија, кој и натаму е во сила и покрај тоа што е донесен по Втората светска војна.

- Постои подговеност од грчка страна да го формализира укинувањето на Законот за воена состојба. Ваква гаранција добив на средбите со грчкиот претседател Павлопулос и мојот колега Котѕијас, со кои разговаравме за прашања од историски карактер, како што е и Законот за воена состојба, со цел да се затвори поглавјето на Втората светска војна. Ние сме во добри односи и состојбите од повоениот период се минато, изјави Бушати.

Како што јави дописникот на МИА, официјална Тирана веќе две и пол децении, веднаш по падот на режимот на Енвер Хоџа, бара од Грција да го укине овој закон, кој е донесен по Втората светска војна поради тензичната состојба меѓу двете држави.

Бушати, кој е во дводневна официјлан посета на Атина, изјави дрка со соговорниците разговарал и за положбата на Албанците кои живат во Грција и за грчкото малцинство во Албанија, но и за прашања кои „имаат директно влијание за заедничката иднина“, како енерегетските и други проекти.

Сепак, според него, најзначаен бил законот за воена сосотјба.

Веднаш по изјавата на Бушати, во дел од албанските медиуми почнаа да прогнозират што Грција ќе бара за возврат. Според порталот Албеу, тоа може да биде обележувањето на морската граница, за што претходно беше постигнат договор. но него го оспори Уставниот суд на Албанија, како и изградба на втор меморијал на загинати грчки војници на албанска територија за време на Грчко-италијанската војна во 1940 година.