-->
-->
Бушати: Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи
-->
Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати смета дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е своевидна платформа за нормализирање на односите и затоа треба да продолжи.
Тој затоа се залага за преиспитување на досега направеното, со цел во иднина дијалогот да има повеќе резултати, пишува приштинскиот весник „Коха“.
Зборувајќи за идејата за размена на северниот дел од Косово за јужниот централен дел на Србија, Бушати истакна дека „тие идеи не се нови, ниту оригинални“ и повремено се појавуваат, посебно во кризни времиња.
- Албанија го почитува принципот на територијален суверенитет согласно меѓународните норми и закони, нагласи шефот на албанската дипломатија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“
-
Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест
-
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката