Свет
16. September 2017 - 9:43

Бурата Хозе повторно прерасна во ураган

Циклонот Хозе, кој претходно од ураган ослабна на тропска бура, повторно доби на интензитет достигнувајќи ураганско ниво од прва категорија, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Како што јави ДПА, според Центарот, во жариштето на зајакнатиот Хозе дуваат ветришта со јачина од 120 километри на час,

Старо-новиот ураган Хозе сега се движи кон северозапад со брзина од 16 километри на час и се ичекува до втроник или најдоцна до среда да стигне до бреговите на американската сојузна држава Њу Џерси, а би можел да го погоди и Њујорк.