Свет
8. February 2017 - 11:48

Бунтовничките сили, поддржани од Турција, зазеле стратешки позиции покрај сирискиот град Ал Абаб

Сириските бунтовнички сили, поддржани од Турција, во синоќешните операции зазедоа стратешки важни висорамнини, покрај градот Ал Баб, кој е под контрола на Исламска држава, соопшти денеска турската армија.

Во писмената изјава вооружените сили на Турција нагласуваат и дека 58 борци на ИД се убиени во воздушни напади, артилериски напади и судири во рамки на тие операции.