Фудбал
24. February 2017 - 17:22

Бундес лига: Волфсбург домаќин на Вердер

На стартот од 22.коло од Бундес лигата вечерва играат Волфсбург и Вердер. Пред некоја сезона двата тима се бореа за позициите што носат место во еврокуповите, а вечерашниот дуел е за избегнување на опасната зона за испаѓање. Домаќинот Волфсбург се наоѓа на 14.место со 22 бода, додека Вердер е на 16.место со 19 бодови.
Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
Утре се играат шест натпревари: Баерн – Хамбургер, Дармштат – Аугсбург, Фрајбург – Борусија Дортмунд, Херта – Ајнтрахт, Баер Леверкузен – Мајнц и Лајпциг – Келн. Во недела на програмата се два натпревара: Инглоштат – Борусија Менхенгладбах и Шалке – Хофенхејм. 
Табела: Баерн 50 бодови, Лајпциг 45, Борусија Дортмунд 37, Хофенхајм 37, Ајнтрахт 35, Херта 34,...