Фудбал
30. April 2016 - 18:00

Бундес лига: Борусија М. спречи шампионска прослава на „Алијанц арена“

Екипата на Борусија Менхенгладбах попладнево одигра нерешено 1:1 кај шампионот Баерн на „Алијанц Арена“ во Минхен и со тоа ја одложи шампионската промоција на „баварците“ до следното коло. Баерн со освоениот бод има пет повеќе од Борусија Дортмунд, која денеска убедливо го совлада Волфсбург со 5:1.
 
Резултати на денеска одиграните дуели:  Баерн – Борусија Менхенгладбах 1:1, Дармштат – Ајнтрахт 1:2, Борусија Дортмунд – Волфсбург 5:1, Хановер – Шалке 1:3, Хофенхајм – Инглоштат 2:1, Мајнц – Хамбургер 0:0. Во терминот од 18:30 часот играат Баер Леверкузен – Херта.
 
Колото ќе биде комплетирано во вторник со дуелот меѓу Вердер и Штутгарт.
На вчера одиграниот натпревар Аугсбург – Келн 0:0.
 
Табела: Баерн 82 бод, Борусија Дортмунд 77, Баер Леверкузен 54, Херта 49, Борусија Менхенгладбах 49, Шалке 48, Мајнц 45,...