Македонија
16. December 2015 - 16:47

Булеварот ,,Партизански Одреди‘‘ ќе се проширува од кружниот тек кај Порта Влае до кружниот во Ѓорче Петров

Најголемиот булевар во главниот град ќе го добие својот комплетен лик. До крајот на мај следната година Партизанска ќе биде проширена до кружниот тек на црквата Св. Петар и Павле. Станува збор за реконструкција на потег во должина од 500 метри со што ќе се зголеми протокот на возила и безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Проширувањето ќе има 6 сообраќајни ленти, велосипедска патека комплетно осветлување, а ќе биде реализирано според сите европски стандарди.

Проектот е финансиран од градскиот буџет и за негова реализација се издвоени 40 милиони денари.