Балкан
30. January 2017 - 8:47

Бугарските војници ќе учествуваат во манвери на НАТО во Летонија

Бугарските војници ќе учествуваат во маневри на НАТО во Летонија во април, стои во соопштението на Министерството за одбрана во Рига, јавува БТА.

Од 17 до 30 април претстојат големи меѓународни воени вежби „Летен штит 14“, во кои ќе учествуваат над 500 војници од 10 земји членки на НАТО, а исто така и шведски војници. 

Во заедничките маневри на летониските копнени сили, воздухопловни сили, единицата „Земесардзе“ и обединетиот штаб на националните вооружени сили ќе се вклучат и единици од државите што членуваат во Алијансата и во програмата „Партнерство за мир“ - САД, Естонија, Канада, Германија, Луксембург, Словачка, Романија, Бугарија и Шведска. 

Вежбите ќе се организираат со цел зголемување на стабилноста и безбедноста во регионот.