Македонија
22. November 2017 - 16:30

Бугарските историчари бараат БПЦ да и стане „мајка“ на МПЦ

Бугарската православна црква е исправена пред предизвикот да го прифати предлогот на МПЦ и да ја признае нејзината автокефаност и на тој начин да влезе во отворен судри со СПЦ, а најверојатно и со Руската православна црква, или да одговори негативно на писмото на МПЦ и на тој начин самата да се откаже од историското наследство врз Охридската Архиепископија на кое постојано инсистираат бугарските историчари.
 
Од тие причини бугарската јавност, а пред се историчарите бараат Синодот на Бугарската црква позитивно да одговори на апелот на МПЦ.
 
Горан Благоев, новинар и истакнат верски аналитичар вели дека ова БПЦ не смее да се откаже од подадената рака на МПЦ.
 
Благоев, сменат дека бугарските владици сепак нема да имаат храброст за да го прифатат овој предизвик, пред се поради силното влијание од Руската црква.
 
Вчера и голем број научници, новинари, ителектуалци и потомци на македонски револуционери побараа Синдоот на Бугарскаат црква да го прифати предлогот на МПЦ.
 
Бугарските архиереи за в понеделник закажале седница на која ќе се најде и писмото од Македонскиот архиепископ