Македонија
15. January 2018 - 16:09

Бугарскиот амбасадор најави дека евроинтеграциите на западен Балкан се приоритет на бугарското претседателство со ЕУ

Бугарија и дава целосна поддршка на Македонија даа ја оствари својата стратешка и во периодот на бугарското претседавање со Унијата да ги исполни условите за добивање покана за отпочнување на преговорите  за членство.  За да се оствари таа цел е потребно да се спроведат реформите и затворат отворените прашања во согласност со договорот од Пржино и препораките на Прибе, истакна бугарскиот амбсадор Иван Петков  во  Собранието , презентирајки ја програмата и приоритетите на бугарското шестмесечно претседавање

- Во овој контекст ние треба да водиме две борби на терен. Едната е стратешка, упатена кон ограничување на потенцијалните закани од надвор кои би можеле да ја дестабилизираат земјата и регионот. Втората е поврзана со неодложното спроведување на реформите преку инклузивност и оптимизиран парламентарен дијалог со учество на опозицијата. Ние сакаме јака опозиција, активна во Собранието која што ќе помогне за спроведување на реформите и вклучена во решавањето на спорните прашања кои се клучни за евроинтеграциите на земјата. Двете се меѓусебно поврзани, ако не успееме во едната борба, се што е постигнато во областа на реформите ќе пропадне и земјата ќе биде во опасност да влезе во сериозна стагнација - рече Петков.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи очекува 2018 та да биде историска година за  евроинтеграцијата на државите на Западен Балкан , но  истакна дека потребните реформи мораме сами да ги спроведеме.

- Јануари и февруари се месеци во кои сите ние треба да покажеме јасни резултати - Владата, Собранието, судството и тоа во процес во кој сите страни ќе бидат дел од изградбата на нашата иднина. Секој вид на опструкција на овој процес во овие одлучувачки преломни моменти претставува опструкција на нашата иднина како држава, просперитетот на нашата економија, благосостојбата на нашите граѓани и перспективата на идните генерации. Доколку во овој период не оствариме видлив напредок во нашите реформи и во нашите односи со соседите во преговорите за името, верувам дека ќе го заслужиме долгоочекуваниот датум за почеток на преговори - рече Османи.

Шанса за напредок и затворање на прашањето за името во бнаедниот период гледа и минисетрот за надворешни работи.

- Зимата е тука, но пролетта е на прагот. Ние во регионот имаме обврска да ја направиме иднината попросперитетна и помалку драматична, дури би сакал да имаме досаден Балкан. Нашите игри не треба да бидат игри на тронови, туку игри на реформи и резултати. Позитивен натпревар за напредни општества со европска иднина. Годинава останува да бидеме ефикасни и ревносни на нашиот реформски пат да направиме се што можеме да ја решиме и големата разлика околу името со нашите соседи и партнери во Атина. Ќе направиме сè што е во нашите можности со надеж дека и од другата страна приодот ќе биде сличен дека ова е една историска шанса - рече Димитров.

Според евроамбасадорот Самуел Жбогар Собранието