-->
-->
Бугарски навивачи го блокираа патот Куманово - Крива Паланка
-->
Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, што неколку часа беше блокиран од навивачи на спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив, кои претходно на бензинска пумпа кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија. На пат кон Куманово се пресретнати од полицијата, но одбиле да бидат приведени и го блокирале патот.
Според податоците од Министерство за внатрешни работи, изутрината околу три часот автобус со бугарски регистрарски ознаки кој сообраќал на магистралниот пат А2, Крива Паланка- Куманово, запрел на бензинска пумпа „Макпетрол“ на обиколницата кај Крива Паланка, при што патниците, навивачи на спортски клуб „Ботев“ од Пловдив, Република Бугарија, излегле од автобусот и испишале графити со навредливи содржини за Македонија на бензинската пумпа.
Патниците од автобусот залепиле и неколку налепници со ознака БГ, по што заминале од местото на настанот и се упатиле кон Куманово, бидејќи транзитирале низ Македонија кон Албанија.
Околу четири часот биле запрени од страна на полицијата од Полициска станица Куманово на автопатот А2, пред влезот во Куманово. Направен е претрес на автобусот, при што кај четири лица е пронајден доказен материјал, информираат од МВР. Патниците одбиле да бидат приведени и го блокирале магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Околу 7 часот и 45 минути блокадата била отстранета, сообраќајот е нормализиран, но полицијата се уште не ги привела лицата. Навивачите на клубот „Ботев“ се покрај патот, како и полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо