Бизнис
29. August 2016 - 16:35

Бугарски Минстрој во два рудника инвестира 20 милиони евра и ќе врати на работа 1000 рудари

Сите 1000 рудари од Злетово и Тораница ќе се вратат на работа. Директорот на новиот концесионер на рудниците, Николај Валканов најавува инветсициски циклус од 20 милиони евра во наредниот период.

-Сега има веќе 300 вработени во двата рудници, во текот на неколку месеци ќе станат 1000 вработени, а во ноември декември овде ќе биде полно со вработени и со руда, изјави директорот на Минстрој Николај Валканов.

Рударите задоволни од новите газди на рудниците во Пробиштип и Крива Паланка. Велат дека ретсартирањто оди брзо, се инвестира во репроматерујали, во опрема, а и платите ќе бидат зголемени.

-Голема благодарност до институциите пред се на премиерот и неговиот тим што рестартирањето и одбивањето на дозвола за работа се случи во многу краток период. Донесена е нова механизација, набавени се репроматеријали и  санации на окната, како и санација на бункерите на руда. Се очекува на овој начин и понатамошно зголемување на платите, а сега се зголемени и изнесуваат колку просечните нето плати во Македонија, изјави Драган Димитриев вработен во рудникот Злетово.

„Сега тие што се враќаат имаат зголемени плати и има нови материјали и опрема“, изјави Савчо Нанев, рудар.

„Почнавме пред еден месец, се надеваме дека ќе оди во подобро. Газдата вложува во репроматеријали и сме задоволни“, изјави вработен рудар во рудникот Злетово.

На рестартирањето на рудникот Злетово во Прибиштип вчера присуствуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој најавува многу нови инветсиции во рударството во земјава.

-Пред неколку дена почна да се отвора нов рудник кој за една година ќе биде целосно во функција. Веќе следната година започнува да се гради рудникот Иловица, а дадени се концесии за уште многу рудници каде што се вршат истражувања, така што ќе има уште многу места каде што ќе се отвораат рудници и каде што ќе се отвораат нови работни места, вели Груевски.

Инветсицискиот циклус кој почнува во рударскито сектор ќе донесе голем број директни и индиректни вработувања, но ќе влијае и на растот на градежништвото кој сите овие години беше двигател на економскиот раст.