-->
-->
Бугарската црква позитивно одговори на барањето на МПЦ
-->
Бугарската православна црква прифати да биде заштитник на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија и да се заложи пред православниот свет за признавање на нејзината автокефалност, пишува порталот Религија.
Синодот на Бугарската православна црква денеска одржа заседание во полн состав на кое било одлучено да се формира Комисија од шест членови која ќе преговара со МПЦ-ОА и со останатите православни цркви за конечно решение на статусот на МПЦ-ОА.
Во одлуката на Синидот на БПЦ нема конкретен податок дали во меѓувреме бугарските владици ќе почнат да сослужуваат со македонските архиереи.
МПЦ-ОА минатата недела испрати писмо до БПЦ во кое бараше да биде признаена како автокефална црква, а БПЦ да биде нејзината мајка-црква.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“