Македонија
27. July 2017 - 16:10

Бугарите се обединија, Парламентот едногласно го усвои договорот со Македонија

Бугарското народно собрание едногласно ја усвои декларацијата за договорот за добро соседство со Македонија. 206 пратеници во собранието гласаа За без ниту еден глас против или воздржан.

„Народното собрание на Бугарија ги оценува за позитивни напорите на владите на Бугарија и Македонија за финализирање на преговорите во однос на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и очекува неговото потпишување да се случи согласно претходно постигнатот договор меѓу двете земји, се посочува во Декларацијата“.

Бугарскарта влада го поздрави консензусот на политичкирте партии.

Амбасадите на САД во Скопје и во Софија преку заедничко соопштение го поздравија одобрувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

„Договорот ги потврдува блиските врски меѓу Македонија и Бугарија и ја демонстрира добрата волја од страна на двете држави да ја засилат меѓусебната соработка во интерес на своите граѓани. Таквиот ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зацврстување на политичката стабилност и засилување на економскиот развој на Западен Балкан. Ние ги поздравуваме Македонија и Бугарија за овој историски чекор насочен кон иднината“, се наведува во соопштението на амбасадите на САД во Скопје и во Софија.

 И Велика Британија смета дека договорот меѓу двете земји е добар пример за регионот. Вчера во Скопје тоа го соопштила Фиона Мекилвам, директорка за Западен Балкан во Министерство за надворешни работи на Велика Британија која оствари средби со премиерот и други претставници на владата како и со координаторите на партиите во Парламетот.  Таа смета дека овој документ е позитивен чекор и нова енергија за земјата.