Балкан
24. November 2017 - 9:14

Бугарин нагазил низ Хрватска, фатен како вози 240 километри на час

Возач од Бугарија на возраст од 40 години добил парична казна од 400 евра и едногодишна забрана за возење во Хрватска, бидејќи на автопат возел со 240 километри на час.

Бугарскиот возач бил запрен денеска на автопатот Загреб-Липовац откако со Мерцедес со бугарски регистерски таблички возел со брзина од 240 километри на час, соопшти полицијата.