Балкан
13. October 2017 - 13:43

Бугарија ќе го користи претседавањето со ЕУ за нови перспективи за Балканот


 Бугарскиот премиер Бојко Борисов и претставници на Владата во Софија се сретнаа денеска со генералниот секретар на Европската комисија. Александар Италијанер и со шефот на кабинетот на претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, Мартин Селмајер, при што една од главните теми на разговорите била безбедноста и европската перспектива на земјите од Западниот Балкан.
 
Како што јави бугарската агенцоја БТА, посетата е во рамките на подготовките за претседавањето на Бугарија со Европскиот совет во првата половина на 2018 година. Бугарија планира конференција за Балканот во Софија во мај 2018 година, со која би претседавал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
 
Бугарската министерка за регионален развој Лилјана Павлова изјави дека приоритетите на Бугарија ќе вклучуваат да им се даде јасна европска перспектива на граѓаните на државите од Западен Балкан. ц