Македонија
13. February 2016 - 16:51

Бугарија и Албанија ликуваат дека бил уапсен единствениот македонски градоначалник во Албанија

Апсењето на единствениот македонски градоначалник во Албанија наиде на голем публицитет како во албанските така и во косовските медиуми.

Највлијателната албанска телевизија „Топ Канал“ ја пренесе веста за Темелко поднаслов „Уапсен градоначалникот на Пустец“, притоа додавајќи дека Темелко е уапсен по налог на СЈО, под сомнение за изборни малверзации во Републик Македонија.

Сличен наслов има и националната албанска телевизија „Визионплус“ каде се наведува дека лидерот на македонската партија е уапсен за изборни манипулации во Македонија.

Веста за апсењето на Темелко ја пренесоа и сите останати влијателни медиуми, како телевизијата „Клан“, весниците „Шкип“, „Шекули“ и сите останати медиуми со акцент за наводни малверзации за време на изборите во 2013 во Македонија.

Апсењето на Едмонд Темелко исто така беше главна тема и во косовските медиуми, притоа поставувајќи ја како ударва вест со наслови од типот „Во Македонија уапсен албански градоначалник“, „Македонија: Уапсен актуелен градоначалник од Албанија“ и сл.

Реакции на апсењето на темелко има и во Бугарија.  ВМРО ­БНД на Красимир Каракачанов прва се јави со подршка за акцијата "Титаник" на Катица Јанева.  Едмонд Темелко борејќи се за правата на македонците во Албанија често беш трн во око и за албанските власти.  Од друга страна, тој долговреме се бореше со бугарската пропаганд насочена кон македонците во Албанија која ја предводеше БНД на Каракачанов.  Со одлуката тој да биде уапсен, се чини, Катица Јанева под директива на Зоран Заев им помагна на бугарските фашисти и албанската држава да ги асимилираат македонците во Албанија, пишува Вечер.

Генералниот секретар на оваа партија и пратеник во бугарското собрание, Јулиан Ангелов на својот фејсбук профил се израдува на апсењето на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. ­

Малку му е на овој предавник, напиша Ангелов, објавувајќи ја веста за апсењето. ВМРО ­БНД во Бугарија често е прогласувана за фашистичка партија особено заради своите расистички ставови.

Во исто време оваа партија во своите статут и платформа се дефинира како најголем непријател на постоењето на независна македонска држава и македонска нација, пишува Вечер.